ФОТО | Музичката ѕвезда Сузана Спасовска ги дувна свеќичките на роденденската торта и напиша интересна објава
Македонската музичка ѕвезда Сузана Спасовска во неделата го славеше својот 61-ви роденден. На 24 август, Спасовска славеше и роденден и именден, а по тој повод се огласи на својот профил на Фејсбук и објави фотографија од себе.
Препорачано
Синоќа, пак, музичката дива објави низа фотографии на кои ги дува свеќичките на роденденската торта.
Спасовска со интересна објави ги опиша роденденските фотографии:
„Си велам, а да си ги сменеа местата овие две бројки? 🙂
16 наместо 61, хахахаааа… Ама, не, сепак вака си е најдобро 🙂
(единицата малку изгоре па заличи и на седмица, но има време до 7) а, тортата ќе ја пробам на 28.08., ммммм… 🙂
Драги пријатели, секоја роденденска и именденска честитка, ми беше како светлина, што го разубави мојот ден. Се чувствувам благословена што толку многу луѓе со топли зборови, ми го израдуваа срцето и ми ја покажаа љубовта околу мене. Ви благодарам!
Слава ти Боже!“
Под фотографиите на пејачката се редат стотици коментари со честитки со најубави желби. Честитки доби и од пријателите, колеги, но и од многу обожаватели кои ѝ посакаа секогаш да биде насмеана и ведра.
ФОТО | Сузана Спасовска денеска слави и роденден и именден: „Тивка радост во мене!…“


