ФОТО | Мима Караџиќ „се журка“ со вдовицата на Синиша Михајловиќ во Рим
Црногорскиот актер Мима Караџиќ деновиве престојува во Рим, каде што времето го поминува во друштво на Аријана Михајловиќ, сопругата на покојниот фудбалер Синиша Михајловиќ, пишува српски „Блиц“. Караџиќ го прославил и својот роденден во Рим.
Препорачано
View this post on Instagram
Друштвото ја поминало вечерта во опуштена атмосфера во барот што го води Аријана Михајловиќ, а моменти од излегувањето споделиле и на социјалните мрежи. Фотографиите и видеата набрзо привлекоа внимание, најмногу поради нивното расположение, но и впечатливото модно издание на Аријана.
За вечерното излегување, таа избрала комбинација од деловен и заводлив стил – костумот на риги го искомбинирала со маица со леопардски дезен и детали од чипка на деколтето, со ефектен накит што дополнително го нагласил целиот изглед.

Во една од објавите, Караџиќ и Михајловиќ може да се видат како танцуваат и пеат заедно на регионални хитови, а доброто расположение и блискоста дополнително ги поттикнале коментарите на следбениците.

Инаку, Михајловиќ последните неколку години живее во Италија, а често споделува моменти од приватниот живот и дружењето со пријателите преку социјалните мрежи.
Во неколку претходни појавувања, таа отворено зборувала за животот по смртта на сопругот, нагласувајќи колку тешко ѝ било да најде сила да продолжи со секојдневниот живот. Таа нагласила дека тагата не поминува, туку дека со текот на времето ќе се научиш да живееш со неа.
„Морам да продолжам понатаму, поради децата и поради сè што изградивме заедно“, рекла таа во една од објавите, додавајќи дека семејството и пријателите ѝ се најголема поддршка.
Аријана истакнала и дека се обидува да ја задржи ведрината и енергијата што ја делела со сопругот, верувајќи дека токму тој бил начинот на кој и тој би сакал да продолжи понатаму.
ВИДЕО: Со факели, песни и аплаузи навивачите го испратија последниот поздрав до фудбалската легенда


