Вирџинија Џуфре - Фото: Принтскрин/Јутјуб

ФОТО | Мемоарите на Вирџинија Џуфре, една од најгласните жртви на Епстин, се книга на годината во Британија

Вирџинија Џуфре, една од најгласните жртви на Џефри Епстин, постхумно ја доби главната награда на годинешните Британски книжевни награди (British Book Awards) за своите мемоари. Книгата со наслов „Ничија девојка“, објавена само шест Џуфре си го одзеде животот, беше прогласена за книга на годината на свечената церемонија во Лондон, пишува „Би-би-си“.

Постхумно објавени мемоарите на Вирџинија Џуфре/Фото: Rasid Necati Aslim / AFP / Profimedia

Прифаќајќи ја наградата во име на семејството, снаата на Вирџинија, Аманда Робертс, изјави дека ова дело е „вистински тестамент за тоа што може да направи гласот на преживеаните кога конечно ќе добие простор да биде слушнат“.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Книгата детално ги опишува нејзините средби со Епстин и Гилејн Максвел, но и нејзините обвинувања против Ендрју Маунтбатен-Виндзор. Објавувањето на мемоарите минатиот октомври изврши огромен притисок врз кралското семејство, што на крајот доведе до одземање на кралските титули и почести на братот на кралот Чарлс трети.

ВИДЕО | Семејството на Џуфре се радува за одлуката принцот Ендру да се откаже од титулите: „Вирџинија сепак беше во право“

Принцот Ендру ја загуби титулата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот