Фото: Инстаграм/Меган Трејнор

ФОТО | Меган Трејнор стана мајка по третпат: „Ѝ благодарам на нашата херојска сурогат-мајка“

Пејачката Меган Трејнор и нејзиниот сопруг, актерот Дерил Сабара, го добија своето трето дете. Среќната вест за раѓањето на ќеркичката, која ја родила сурогат-мајка, ја споделија со обожавателите на Инстаграм, откривајќи го и нејзиното необично име.

Пејачката во вторникот објави серија емотивни фотографии со новороденчето и јавно ѝ се заблагодари на сурогат-мајката, како и на медицинскиот тим кој им помогнал да го остварат сонот за проширување на семејството.

„18 јануари 2026 година. Нашето девојченце Мајки Мун Трејнор конечно дојде на свет благодарение на нашата неверојатна, херојска сурогат-мајка. Засекогаш сме благодарни на сите лекари, медицински сестри и тимови кои ни помогнаа овој сон да стане реалност“, напиша 32-годишната Трејнор.

Фото: Инстаграм/Меган Трејнор

Таа објасни и зошто со сопругот се одлучиле за сурогат-мајчинство, наведувајќи дека тоа била препорака од лекарите по долги разговори.

„Имавме безброј консултации со лекарите и ова беше најбезбедниот начин да го прошириме нашето семејство“.

Фото: Инстаграм/Меган Трејнор

Пејачката откри дека нејзините синови, четиригодишниот Рајли и двегодишниот Бери, се пресреќни што добија сестра.

„Пресреќни сме и безгранично заљубени во ова мало богатство. Тие дури и ѝ го избраа средното име. Сега ќе уживаме во семејното време. Ве сакаме сите“, порача таа.

ФОТО | Се породи Меган Трејнор: Бебето се родило неколку дена порано иако го очекувале на Денот на вљубените

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот