ФОТО | Македонскиот водител заглавен среде невреме во Америка, детално раскажа што се случува
Познатиот македонски водител се најде среде големо невреме во Америка со својата сопруга и детално раскажа што им се случува.
Препорачано
Станува збор за Дамјан Дренковски кој со сопругата Александра живее во Њу Џерси последниве месеци. Тие се венчаа во септември минатата година. Во делови на Америка, светските медиуми најавија големо невреме поради што се непродни дел од патиштата и се затворени повеќе објекти.
Но, водителот Дренковски на оригинален начин соопшти како се справуваат со невремето. Видеа од сопругот објави Александра на Инстаграм.
„Дечки, дечки, саатот е 2 и пол, температурата е -14, не престанува да врне, навистина големо невреме. А знаете ли што? За да го спречите невремето читав дека старите Индијанци, домородното население во Америка викаат дека мора да изедете банана. Бананата спречувала невреме.
Ајде да пробаме, дали ќе спречи навстина невреме. Колку побрзо ја изедеш бананата, толку побрзо ќе престане невремето. Невремето, готово е“, се пошегува Дамјан, па потоа објави уште едно видео од сопругата како влегува во снегот.

Таа е инаку доста пониска од него, и тој на шеговит начин покажа како мери колку снег има напаѓано.
„Дечки, последен апдејт за вечерва, да видиме колку снег има наврнато, според моите мерења имаше наврнато некои 40 сантиметри. Овде имаме една особа од метро и нешто. Ајде госпоѓо, влезете, повелете. Да да, има ова 40-50“, рече Дамјан во новото видео кое го објави сопругата.

Инаку, македонскиот водител успеа да направи интервју со Џенифер Лопез, кое се емитуваше на американската радиодифузна компанија Еј-би-си.
Во Америка тој е повеќе од една година и со сопругата Александра, со која се ожени на крајот од септември лани, живее во Њу Џерси. Вели дека навистина не може да се пожали од ништо бидејќи тој е „американизиран“ од дете.
„Нашата љубовна приказна почна на Ромскиот бал во Скопје. Да, да. Колку и да звучи неверојатно, ние се запознавме лани на Ромскиот бал. Таа беше дојдена со нејзиниот другар, познатиот фризер Зоки Давитков, а јас со моите повеќедецениски другари Лила и Спасе. Седевме на иста маса и ромската магија си го направи своето. Иако ниту јас ниту Александра имаме ромско потекло, судено било кај нашите сакани Роми да почне една убава љубовна сторија. Еве и јавно, ѝ даваме чесен збор на ромската заедница дека вечно ќе ја негуваме оваа љубов“, рече неодамна Дамјан во интервју за „Слободен печат“.
Александра работи дигитален медија маркетинг. Водителот вели дека во изминатите години откако е во Америка, таа напорно работела за да тој денес со сигурност може да каже дека е горд што има сопруга што има изградено фантастично работно портфолио.
Разговор со водителот Дамјан Дренковски: Направив интервју со Џенифер Лопез и ја видов Вупи Голдберг


