ФОТО: Македонија во четвртиот шешир пред квалификациите за СП!

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Потврдени се сите шешири од кои ќе бидат извлечени квалификациските групи за следното Светско првенство во Катар 2022. Ждребот ќе се одржи во Цирих (Швајцарија) на 7 декември 2020 година со почеток од 18.00 часот.

Македонија е во четвртиот шешир со 1370 поени и нејзини ривали во квалификациската група за пласман на Мундијалот не може да бидат Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Албанија, Бугарија, Израел, Белорусија, Грузија и Луксембург.

Нашите најдобри фудбалери со поразот во Никозија од Ерменија останаа во Лигата „Ц“ од УЕФА Лигата на нации, но затоа со победата во Тбилиси над Грузија успеаја да се пласираат на Европското првенство кое ќе се одржи наредната година.

Фото: twitter.com/We_Global

Прв шешир: Белгија, Франција, Англија, Португалија, Шпанија, Италија, Хрватска, Данска, Германија, Холандија.

Втор шешир: Швајцарија, Велс, Полска, Шведска, Австрија, Украина, Србија, Турција, Словачка, Романија.

Трет шешир: Русија, Унгарија, Ирска, Чешка, Норвешка, Северна Ирска, Исланд, Шкотска, Грција, Финска.

Четврти шешир: Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Македонија, Албанија, Бугарија, Израел, Белорусија, Грузија, Луксембург.

Петти шешир: Ерменија, Кипар, Фарски Острови, Азербејџан, Естонија, Казахстан, Косово, Литванија, Летонија, Андора.

Шести шешир: Малта, Молдавија, Лихтенштајн, Гибралтар, Сан Марино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот