Маја Гроздановска - Панчева / Фото: Фејсбук/Маја Гроздановска - Панчева

ФОТО | Маја Гроздановска – Панчева го покажа убавиот дом, неколку детали привлекуваат внимание

Маја Гроздановска – Панчева го покажа убавиот дом во кој живее со сопругот Дарко Панчев и со ќерките Надица и Марија. Неколку детали привлекуваат големо внимание.

Пејачката објави ретроспектива на важните случувања од 2025 година, и во колажот фотографии се издвојува една на која Маја е опблечена во долг тесен светкав фустан, а зад неа се гледа убаво уредениот дом.

Меѓу сликите се и нејзиниото неодамнешно патување во Амстердам и други патувања, моменти со семејството и дружењата со колегите и пријателите.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Маја ги испеа хитовите „Мачка со девет животи“, „Сеедно не ми е“, „Нова планета“, „Ноќи без крај“, „Барбика“ и други, познати и по интересните и видеоспотови. Таа долги години е вработена во хорот на Националната опера и балет.

„Не сум љубител на кафе, но сепак, најслатко ми е кога го пијам на работа со моите колешки. На работа се задржувам по неколку часа, во зависност од големината на претставата или концертот кој е на тековниот репертоар.

Потоа одиме на заеднички ручек или сами двајцата или заедно со децата. Најчесто ручаме дома, бидејќи ретко се случува да немам подготвено ручек, а доколку немам, сите заедно одиме некаде да јадеме.

Додека трае ручекот секој од нас раскажува како му поминал денот и на тој начин ги зајакнуваме семејните врски.

По ручекот следува мал период на одмор, а потоа, како и секоја жена, ги завршувам преостанатите обврски во домот“, рече Маја во едно интервју за „Слободен печат“.

Што прави денеска: Маја Гроздановска-Панчева, пејачка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот