ФОТО | Мадона конечно фотографирана без ракавици: „Нејзините раце се доказ дека има 66 години“
Американската поп-дива Мадона за прв пат по долго време беше фотографирана во Њујорк без омилениот моден додаток – кожените ракавици, а нејзините раце станаа тема на коментари на социјалните мрежи.
Препорачано
Таа е позната како личност која многу внимава на изгледот на лицето и редовно се подложува на третмани за затегнување, што е очигледно. Сепак, многумина ја критикуваат поради идејата засекогаш да остане млада.
Изгледот на нејзините раце, нè потсетува на фактот дека не може сè да се смени со естетски процедури, што се разбира, е сосема во ред.
Unfiltered Madonna, 66, makes rare move of going without gloves during outing in NYC https://t.co/OzOERuCZ1P
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) March 12, 2025
„Нејзините раце се доказ дека има 66 години. Треба да престане да го затегнува лицето бидејќи изгледа смешно“, „Нема ништо лошо во тоа да изгледате природно“, „Сè се гледа на вашите раце, нема потреба од пластична операција. Природно е најдобро“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.
Во 2016 година, Дејли Мирор објави дека Мадона била подложена на мезотерапија и редермализација за да се ослободи од брчките и истакнатите вени на рацете.
Како што е познато, таа веќе подолго време објавува претерано фотошопирани фотографии на Инстаграм, поради што често е мета на шеги.


