ФОТО | Лила покажа како изгледа кога љубовта лекува повеќе од зборовите: „Јас го спасив него, а тој мене“
Водителката Лила Филиповска, која е голем љубител на мачки, одвреме навреме ги документира несекојдневните и необични моменти со своите домашни миленици, особено со мачката Рагнар. Нивните видеа и фотки на Инстаграм секогаш ги воодушевуваат следбениците, а така беше и овој пат.
Препорачано
На последната фотографија Лила, е фотографирана во бунда, во рака ја држи својата мачка Рагнер, а на истата напиша:
-Јас го спасив него, тој ме спаси мене, Рагнар.

Меѓутоа многумина останаа со прашалници каква е, всушност, нивната приказна и зашто Лила е секогаш емитивна кога зборува за нив.
Но, еднаобјава од пред четири месеци ја објаснува силната врска на водителката со нејзините домашни миленичиња.
– Рагнар и Мајло. Јас ги спасив нив, а тие мене. Се појавија кога ми беше најтешко. Рагнар пред седум а Мајло пред две и пол години. И не, не се само мачки … за мене се љубов, терапија, дел од моето семејство. Тие се и одлични учители. Ме научија како да бидам трпелива, опуштена и да се радувам на мали работи. И знаете што?! Ниедна мачка никогаш не чувствувала обврска да се правда пред луѓето … и тоа го научив! Раги и Мајло љубов сте ми“.

Во оваа објава, Лила ја откри вистинската длабочина на врската со своите миленици, поврзаност и љубов која ги надминува зборовите, лекува и учи и која не покажува дека љубовта постои во сите форми.


