ФОТО: Лидија Вукичевиќ го прослави својот 59-ти роденден

лидија вукичевиќ
Фото: Принтскрин / Instagram

Прославената филмска и телевизиска актерка, Лидија Вукичевиќ, вчера го прослави својот 59-ти роденден, а публиката, колегите и пријателите во текот на целиот ден ѝ испраќаа честитки со најдобри желби на социјалните мрежи.

Лидија пораснала во Краљево со нејзините родители и сестрата Марина, која и денес е нејзина најголема поддршка, покрај нејзините синови Андреј и Давид.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lidija Vukićević (@vukiceviclidija)

„Животот на секој му поклонува одредена улога, која треба да ја игра најдобро што знае, ако смета дека филмот ќе успее. Денес е мојот роденден. Ви благодарам на сите за прекрасните желби. Ве сакам!“, напиша Лидија во описот на фотографијата која ја сподели на својот инстаграм-профил.

Уште како мала дете, била впечатлива со нејзината бујна, виткана коса и чувство за глума. Едноставно, никој не се сомневал дека еден ден ќе стане ѕвезда и ќе се занимава со глума.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lidija Vukićević (@vukiceviclidija)

Несомнено, улогата со која се прослави беше во хит серијата „Подобар живот“, каде го играше ликот на заводливата Виолета, улогата во серијата „Жикина династија“, а денес нејзините обожаватели можат да ја гледаат во серијата „Игра на судбината“, која руши рекорди на гледаност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lidija Vukićević (@vukiceviclidija)

Вукичевиќ е жена која со годините станува се поубава и поубава, а тајната, како што вели таа, е во генетиката, хедонизмот и вистинските животни вредности.

Нејзините бројни обожаватели и пријатели со нетрпение ги очекуваат нејзините трансформации на социјалните мрежи, каде е особено активна изминатиов период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот