Џорџ Дикаприо и Леонардо Дикаприо - Фото: /A.M.P.A.S. / Avalon / Profimedia

ФОТО | Леонардо Дикаприо се појави на приватна забава, друштво му правеше неговиот татко

Леонардо Дикаприо привлече внимание во вторникот вечерта во Беверли хилс, кога се појави на приватна забава во друштво на неговиот татко, Џорџ Дикаприо, пишува „Дејли мејл“.

Таткото и синот ретко може да се видат заедно во јавноста. Тие биле забележани во италијански ресторан, каде што пристигнале на приватен настан. Леонардо избрал лежерна комбинација – тексас јакна, црна јакна со патент, сини фармерки и бејзбол капа на Los Angeles Dodgers.

Џорџ Дикаприо изгледал елегантно во сина јакна и сиви панталони. Иако се навикнати на гламурот на црвениот тепих, ваквите заеднички излегувања секогаш го привлекуваат вниманието на јавноста.

Леонардо често истакнува колку му е важен односот со татко му. Џорџ се разделил од неговата мајка, Ирмелин Инденбрикен, кратко по неговото раѓање, но останал активно вклучен во животот на синот.

Во младоста, Џорџ се соочувал со финансиски тешкотии, работејќи различни работи, а подоцна започнал бизнис со водени кревети. Истовремено градeл кариера во светот на стрипот како писател и уредник, и му помогнал на Леонардо во првите чекори во глумата.

Интересно е што имал и мала улога во филмот „Licorice Pizza“, инспирирана од неговото поранешно искуство како продавач на водени кревети.

И покрај силната поддршка од таткото, актерот често ја истакнува и клучната улога на мајка му, која го одгледала како самохрана мајка во Лос Анџелес. Тој еднаш признал дека нејзината безрезервна поддршка, кога на 12 години одлучил да стане актер, била пресудна за неговиот успех.

И покрај статусот на една од најголемите светски ѕвезди, Дикаприо редовно ги вклучува татко си и маќеата Пеги Фар во својот живот – од филмски премиери до луксузни патувања, вклучувајќи одмор на Амалфискиот брег во 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот