ФОТО | Крива Паланка со уште една новогодишна бајка, украсена поубаво од лани

Фото: Промо

Оваа година нема потреба од прашањето кој е најубаво новогодишно украсен град во Македонија! Се подразбира, веќе трета година по ред, круната ја носи Крива Паланка, град, кој веќе ги навикна на убавина не само жителите во државава, туку и од Бугарија и Србија. Веќе се знае дека новогодишните фотографии за спомен се прават токму тука.

Фото: Промо

Но, ако изминатите години се зборуваше за најубаво украсен плоштад, оваа година со гордост може да се каже дека новогодишно блесна целиот град.

Фото: Промо

„Кога се шетаме низ град имаме чувство дека се шетаме низ некоја светска метропола. Толку е убаво украсена. Цел град е накитен, влез, излез, главната улица, паркот и плоштадот. Преубаво е. Оваа година е уште поубав од лани и преклани. Освен главното облежје-елката, стандардните куќички, новогодишни украси, блеска каде и да се свртиш“, се фалат кривопаланчани.

А, за да се направи убавина не е сè до парите, напротив и со помалку, задоволството може да биде големо. Затоа неизбежно е, а да не се праша колку чини ова задоволство.

Фото: Промо

„Оваа година одлучивме да го накитиме целиот град, не само плоштадот. Дел од украсите се веќе постоечки, но секако купивме и нови за да можеме да го украсиме цел град. Има куќички, за чие изнајмување веќе е објавен оглас, деновиве ќе почне и новогодишниот базар. Две години градот го красевме со донации, а оваа година новогодишното украсување е само со средства од општината. Издвоивме милион ипол денари од буџет на општина“, вели градоначалникот Сашо Митовски.

Но, овие пари, секако не се потрошени само за украсите, дел од овие пари ќе бидат потрошени за новогодишниот базар, за новогодишната музичка програма и за деца и за возразни.

Фото: Промо

„Секако дека ќе има забава и за возрасните, но оваа година решивме акцентот да го дадеме на најмалите, што значи дека најголем дел од планираните забави ќе бидат посвтени на децата. За неколку дена ќе се знае кој ќе биде задолжен за новогодишните журки. Засега немаме во план да организираме дочек на Нова Година на плоштад, журките ќе траат до 31 декември“, додава Митовски.

Трета година по ред Крива Паланка е магнет за жителите од останатите градови за традиционалното новогодишно уживање. Ако до скоро тој примат го имаше Скопје, тоа веќе не е така.

Фото: Промо

„Со луѓе и пријатели што не сме се виделе одамна, годиниве се гледаме предновогодишно во Крива Паланка. И драго ни е што токму нашиот град во овој период е број еден место за прошетка. Низ годините и ние и тие одевме во Скопје да се сликаме под елка и со дедо Мраз, а веќе трета година сите доаѓаат кај нас за сликање. Интересно е што навечер, па и преку ден кога ќе излеземе да се прошетаме низ улиците среќаваме луѓе од други градови и држави. Нема кој од нас не се фали со убаво украсениот град, особено што место да одат во Скопје, тие доаѓаат кај нас. Па и за фалење е. Оваа година во Крива Паланка се случија многу убави настани кои ги привлекоа луѓето да дојдат да ни го видат градот, а новогодишнава бајка е бајка за Среќна Нова Година“, велат кривопаланчани.

Фото: Промо
Фото: Промо
Фото: Промо
Фото: Промо
Фото: Промо
Фото: Промо

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот