ФОТО | Кралицата Летиција во фустан стар 15 години: Сè уште совршено ѝ стои!
Шпанската кралица е позната по тоа што не се откажува од гардеробата по само едно носење, како што тоа го прават многу славни личности…
Шпанската кралица Летиција присуствуваше на воената церемонија, а за оваа прилика реши да носи креација стара дури 15 години!
Позната по тоа што не се откажува од гардеробата по само едно носење, модната икона извадила од плакарот фустан-палто што го носеше на крштевањето на нејзината постара ќерка Леонор , далечната 2006 година.
Фустанот во стилот на блејзер на шпанскиот дизајнер Фелипе Варела овој пат, Летиција го украси со брош во форма на сина машна и го комбинираше со светло-кафеави потпетици со два тенки ременчиња.
Ова вечно парче облека совршено и стои на кралицата Летиција, исто како и пред 15 години кога го носеше за прв пат. Дали ви се допаѓа?