ФОТО | Кралицата Елизабета им крева телефон само на овие двајца луѓе, ниту синовите не можат да ја добијат

Фото: Профимедиа

Британската кралица Елизабета Втора на телефон се јавува само на две лица во Фирмата.

„Наводно, кралицата има само две лица со кои најмногу разговара на своите телефони, а очигледно има и мобилен телефон за кој се вели дека е „Самсунг“ опремен со антихакерско шифрирање од страна на MI6, така што никој не може да ѝ го хакира телефонот“, открил кралскиот експерт Џонатан Сасердоти за подкастот „The Royally US“.

Фото: Профимедиа

„Двајцата луѓе со кои најмногу контактира се нејзината ќерка, принцезата Ана и нејзиниот менаџер за трки со коњи Џон Ворен. Тоа значи дека тие можат да дојдат до кралицата од кое било место во светот. Ако ѝ се јават, таа ќе им одговари“, додал Џонатан.

Исто така, се шпекулира дека кралицата има и таен налог на Фејсбук.

– Имаше наводи дека Елизабета Втора има и налог на Фејсбук, но не можам баш во тоа да поверувам, бидејќи таа има 95 години. И јас понекогаш не се снаоѓам со новата технологија, но се чини дека таа оди во чекор со времето – рекол Сасердоти.

Фирма е неформално име за британското кралско семејство и поврзаните институции со неа, вклучувајќи ги дворјаните, персоналот и членовите на кралското семејство кои го одржуваат деловното дејствување на монархијата.

Да потсетиме, Меган Маркл и принцот Хари нема да го прослават Божиќ со кралското семејство, иако  кралицата Елизабета Втора ги поканила на традиционалниот семеен ручек, кој вообичаено се организира во Бакингемската палата, но оваа година ќе се одржи во замокот Виндзор, каде кралицата одмора во последно време.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот