ФОТО | Концертот на Фолтин вчера беше „Симултан бакнеж“ со публиката
Вчера вечер, во скопскиот локал Public Room, со почеток околу 22 часот, битолските момци, бендот „Фолтин“, направија концерт за мерак.
Препорачано
Публиката беше многубројна, едвај чекаше и уживаше во таа дива и несмасна љубов која само Бранко, пејачот на Фолтин и неговата екипа можат да ја донесат на сцена.

Бранислав Николов, фронтменот на „Фолтин“, за време на концертот им се заблагодари на сите присутни, кажувајќи дека „ по два месеци пауза од концерти, вечерта ќе биде за љубов и романса“.

Почетокот на концертот беше резервиран за постарите хитови на кои фановите веднаш реагираа, а покривот на Public Room ечеше од песните кои се нижеа како везилка од „проста и строга македонска песна“. Се пееја „Ми се води љубов“, „Везилка“, „Симултан бакнеж“, „Недопрена“, „Елај си в кревет“, а на крајот на концертот, Бранко изненади со лиричната, џез варијанта на една од најпознатите песни на Тома Здравковиќ, „Како да те туго моја“, во микс со познатата Битлсова „Eleanor Rugby“.

Навистина, концертот беше симултан бакнеж низ музика и многу љубов низ етерот.



