ФОТО | Кирибати е првата земја што влезе во 2026 година
Првата земја во светот која ја дочека Новата 2026 година во 12:00 часот по Намбиско време е островот Киритимати (познат и како Божиќен Остров) дел од Република Кирибати која се наоѓа во средишниот дел на Тихиот Океан.
Препорачано
Островот Киритимати е првото населено место што влезе во Новата година, но со околу 5.000 жители, таму нема најавени големи прослави. Во меѓувреме, Американска Самоа ќе биде последното место што ќе ја дочека Новата 2026 година.
View this post on Instagram
Кирибати во 1994 година ја променија временската зона преку меѓународната датумска линија, со цел сите 33 острови што ја сочинуваат оваа држава да имаат ист датум (претходно некои острови се наоѓаа на источната страна од меѓународната датумска линија).
Кирибати стекнаа независност од Велика Британија во 1979 година. Оваа земја е дом на најголемиот морски резерват во Јужниот Пацифик, а многу од коралните гребени се населени. Повеќето од нив се многу ниски и се изложени на опасност од пораст на нивото на морето како последица на глобалното затоплување.
Архипелагот има население од околу 116.000 жители. И покрај тоа што се наоѓа речиси директно јужно од Хаваи, Кирибати ја слават Новата година цели 24 часа порано.


