ФОТО | Кејт Мидлтон: Олицетворение на идната кралица, со својот став и изглед

Instagram
Instagram

Кетрин Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ, успеа повторно да го привлече вниманието на целиот свет. Таа се појави на погребот на принцот Филип елегантно облечена, секако комплетно во црно со впечатливи парчиња накит кои имаат голема симболика.

Неколку милиони луѓе ширум светот го следа пренoсот од погребот на британскиот принц Филип. Ова е прв пат кралското семејство да бидат видено заедно во јавноста уште од почетокот на пандемијата на коронавирусот. Исто така, ова беше прва средба на принцот Хари со неговото семејство откако замина во Америка, кој дојде да го испрати војводата од Единбург, но без неговата сопруга Меган Маркл.

Гледавме и се прашувавме како изгледа кралицата, дали принцовите Хари и Вилијам ќе разговараат или пак ќе има судир, но она што привлече најголемо внимание е кралскиот изглед на војвотката од Кембриџ.

Сопругата на принцот Вилијам и идната кралица се појави во црн фустан od дизајнерката Кетрин Вокер, која често ја облекува zа јавни настани. Кејт носеше шапка со црна мрежа, а изгледот го комплетираше со бисерен ѓердан и обетки збогатени со многу дијаманти.

Многумина сметаа дека нејзиниот избор на накит е чин на поддршка на кралицата Елизабета. Имено, ѓерданот што го носеше Кејт, кралицата го добила на подарок кога се омажила за принцот Филип.

Во една прилика, покојната Дијана, принцезата од Велс, го носела истиот сет.

Фановите на војвотката ширум светот беа воодушевени од нејзиното претставување, а се чини дека Кејт вратила дел од популарноста што ја изгуби откако принцот Хари и Меган Маркл беа во фокусот на вниманието.

Меган тогаш ја извести јавноста дека Кејт ја расплакала неколку дена пред венчавката, сето тоа поради недоразбирање за фустаните за малите деверици. Таа тогаш истакна дека добила цвеќе и писмо со извинување од нејзината јатрва. Постоеше сомневање дека по таа информација која излезе во јавноста од страна на војвотката од Сасекс, Кејт ќе ги изгуби симпатиите на јавноста.


Од самиот почеток на нејзиниот изглед, Кејт важеше за одмерена и мирна. Откако дознаа дека се забавува со принцот Вилијам, кој еден ден ќе го наследи британскиот трон, медиумите и граѓаните на Велика Британија не престануваат да зборуваат за неа и ја споредуваат со принцезата Дајана.


Во британската јавност постои мислење дека Кејт е олицетворение на идната кралица, со своето држење и став. Еден од коментарите на нејзиното денешно издание гласи:

„Вака изгледа жена која свесно се омажи за идниот крал и се подготвува за сè што носи овој предизвик. Достоинствено и скромно“.

Иако многумина очекуваа да ја видат лошата врска меѓу парот Кејт и Вилијам со неговиот брат Хари, тие беа снимени како заедно излегуваат од капелата „Сент Џорџ“.


Британците се надеваат дека Кејт ќе биде мирно пристаниште кое ќе ги помири браќата засекогаш и ќе продолжи достоинствено да го претставува кралското семејство.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот