Каролина Гочева и Михаил Корубин / Фото: Принтскрин / Инстаграм

ФОТО | Каролина и Михаил на прошетка во културната престолнина на Јапонија, уживаат во традицијата и убавините на Кјото

Нашата пејачка Каролина Гочева и нејзиниот сопруг, уметникот Михаил Корубин изминатиов период се на една од најатрактивните дестинации на светот, во земјата на изгрејсонцето – Јапонија.

Откако уживаа во современиот пулс на Токио, парот одлучи да ја продолжи својата јапонска авантура и да го посети Кјото – културната престолнина на оваа земја.

Каролина на својот инстаграм-профил откри мал дел од патувањето од соништата, споделувајќи кадри од спокојот на храмовите, градините и бамбусовите патеки.

Несомнено е дека и на двајцата им годи јапонската клима, бидејќи на фотографиите изгледаат среќно и спокојно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

Каролина Гочева со емотивна објава се збогува со Панчо од „ДНК“: „Другар и брат, срце планина, неизмерно ќе ми фалиш…“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот