ФОТО | Каролина Гочева ужива во тропска идила со сопругот Михаил Корубин, сподели прекрасни фотографии од Сејшелите
Пејачката Каролина Гочева деновиве ужива во вистинска тропска идила на Сејшелите, каде заедно со сопругот Михаил Корубин си дозволи мала пауза од зимското сивило во Македонија.
Препорачано
Според фотографиите што ги сподели Гочева на социјалните мрежи, еден од најубавите парови на македонската јавна сцена го користи секој момент од рајскиот одмор – од кајакарење во препознатливите проѕирни кајаци над кристално чистото море, преку ручек на плажа во зајдисонце, до релаксирано излежување под сенка од палми.



Атмосферата е интимна и ненаметливо луксузна, токму во стилот по кој пејачката е препознатлива и надвор од сцената.



Гочева важи за една од најпривлечните македонски пејачки, а со своите најнови фотографии на кои е во костим за капење покажа дека и на 45 години изгледа исклучително фит и самоуверено.



Да потсетиме, Каролина Гочева и Михаил Корубин се во брак од 2017 година, кога својата љубов ја крунисаа со несекојдневна свадбена прослава во хангарот на спортскиот аеродром Стенковец – настан кој и денес се памети како еден од поавтентичните на македонската јавна сцена.
Неодамна, пејачката гостуваше во српската емисија „Спика и прилика“, каде отворено проговори за односот кон бракот и општествените очекувања.
„Едноставно, никогаш не сакав да се омажам само затоа што ‘дошло време’ или затоа што некој очекува од мене. Ништо не треба. Треба само да бидеш среќен“, рече Гочева.
Таа се осврна и на разликата во возраста меѓу неа и сопругот, кој е шест години помлад.
„Во Холивуд сите се со помлади мажи, тоа е светски тренд. А јас сакам да ги следам светските трендови“, изјави таа со насмевка.
Каролина додаде дека нивната врска се темели на зрелост и меѓусебно разбирање.
„Ние двајцата се споивме како зрели луѓе, во нашите триесетти години. Никогаш не сум почувствувала разлика во годините. Се најдовме веднаш и до ден-денес остана тоа чувство“, објасни пејачката.


