ФОТО | Карлеуша ги инспирираше твитерџиите: Кога ќе ја заследите Јелена, еве што ќе се случи!

Јелена Карлеуша/Инстаграм
Јелена Карлеуша/Инстаграм

Пејачката Јелена Карлеуша навистина знае како да го привлече вниманието, а особено без грам срам да предизвика бура реакции на сите социјални мрежи. Како што нејзината песна вели „малата живее од скандали“, па и овој пат не направи исклучок.

Откако социјалните мрежи ја фатија на „заб“ дека објави голи фотографии од себеси на својот инстаграм-профил, провоцирајќи ги сите фанови облечена само во патики од брендот на Канје Вест – следеше огромна хајка на хумористични и по малку бизарни шеги на нејзина сметка.

ФОТО | Поздрав до Канје: Карлеуша позира гола во патики од неговиот бренд

Твитер буквално „изгоре“ од тренд твитовите во кои Карлеуша воопшто не е поштедена и се коментираат нејзините реакции, откако Канје ја заследи на Инстаграм, а брзо потоа ја отследи.

Имено, шегата почна со тоа што дежурните тролови на Твитер се смееја дека кога некој ќе ја заследи, Карлеуша веднаш сака да го „удостои“ со соодветен стајлинг. Еве ги сите досетливи закачки кои деновиве не ја оставија на мира „Карли“, како што таа милува да се нарекува себеси…

Притоа, освен трендот на овие шеги и мемиња, имаше и серија лажни „сториња“ во кои многу од твитер корисниците се „жалат“ дека Јелена им се заканува или отворено ги навредува.

„Драмата“ продолжи кога Јелена се појави во „Баленсијага“ жолтиот комплет кој го носеше Ким Кардашијан пред извесно време.  Дали конечно Канје ќе се одважи и ќе го лајкне нејзиниот лик и дело?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот