ФОТО | Како од мајка родена: Кајли Џенер го покри голото тело само со светки
Американската реалити ѕвезда Кајли Џенер го привлече вниманието на многу корисници на мрежите откако позираше во смело издание на кое голото тело ѝ беше покриено со светки.
Препорачано
Кјали се фотографираше само во гаќички, а градите ги покри со рацете. Позираше со круна на главата и нагласена шминка. Се работи за нова реклама за нејзиниот бренд „Kylie Cosmetics“. Имено, таа промовира линија шминка наречена „King Kylie Collection“ инспирирана од шминката што ја носела кога имала 17 години.

„Од длабочината на моето срце ви благодарам што сте со мене на ова патување. Се надевам дека оваа колекција ќе ве израдува колку што вие мене ме израдувавте“, напиша меѓу другото.
Воодушевените фанови ѝ упатија многу пофалби за изгледот.
„Те сакаме“; „Кралицата се врати“; „Ти благодариме што ни го разубави денот со овие фотографии“; „Една од најубавите жени на светот“, се некои од коментарите.

Инаку, таа во тинејџерските години беше позната по „смелите“ бои на коса како руса и розова, како и по силната шминка. Претходно во интервју за магазинот „Ел“ изјави: „Таа ера секогаш ќе биде дел од мене, но никогаш нема да биде она што беше кога бев помлада. Сега веројатно никогаш не би носела вештачки трепки и нема да имам густи веѓи. Постојат одредени трендови кои ги надраснав“.
Сепак, одлучи повторно да продава ваква шминка во рамките на својот бренд, што ги израдува нејзините обожаватели.
ВИДЕО | Кајли Џенер ја доби својата прва филмска улога: Ќе глуми во филмот „Момент“


