ФОТО: Кајли Џенер повторно на мета на критики – Иритантно е колку се фотошопира

Фото: Инстаграм

Кајли Џенер поради фотошопираните фотографии кои ги објави на Инстаграм, се најде на мета на критики од своите следбеници.

Не е новост дека најмладата сестра на Ким Кардашијан речиси никогаш не објавува фотографии кои пред тоа не се средени со многу филтери. Сепак, овој пат фановите на Јутјуб можеа да видат како она навистина изгледа, па во своите коментари јасно и дадоа до знаење дека не им се допаѓа нејзиното однесување на социјалните мрежи.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Имено, Кајли се подготвувала за Ноќта на вештерките со јутјуберот Џејмс Чарлс, а тој целиот процес на подготовка и шминкање го снимил и го објавил на Јутјуб.

Чарлс ја шминкаше Кајли со шминка која го носи нејзиниот потпис, а на почетокот на видото може да се види како Кајли изгледа кога не е нашминкана воопшто. Шминкањето траеше 16 минути, а на Инстаграм профилот на Кајли се појави нивна заедничка фотографија на која нејзиното лице изгледа неверојатно потенко и поубаво отколку на видеото.

Фото: Инстаграм

„Иритантно е колку се фотошопира. Срамно и непотребно“, коментираа некои од следбениците, додека други заклучија дека Кајли толку го „растегнала“ своето лице што повеќе личи на Мила Кунис отколку на себе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот