„Ми беше идол“: Ќерката на Велибор Џаровски – Џаро и познатите од регионот се збогуваат од него

Велибор Џаровски - Џаро / Фото: Приватна архива

По кратко боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на поранешна Југославија.

Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, но исто така беше познат како „крал на местенките“ во фудбалот, нешто што самиот никогаш не го криеше и отворено зборуваше за тоа.

Откако беше објавена веста за неговата смрт, покрај ќерката Милица Џаровска, голем број од познатите личности од регионот преку социјалните мрежи испратија последен поздрав до него.

„Чао Благојче мој, знам дека и горе ќе се снајдеш и ќе најдеш некоја сигурица за играње. Не ти кажав, ама ти знаеше дека ми беше идол. Погребот е утре во 13 во капела во Ѓорче Петров“, напиша Милица Џаровска.

Славните личности од Македонија и регионот, меѓу кои Весна Петрушевска, Калиопи, Жељко Самарџиќ се простија од Џаро со сопствени анегдоти од средбите со него, а некои со краток поздрав.

„Легендо… Беше еден и единствен… Секое минато со тебе, ќе остане да се прераскажува , да се памети… Џаро наш… А мислевме, сѐ може да замине, само ти не…Сочувство до семејството…Калиопи и Ромео“, напиша Калиопи.

„Патувај, Џаро легендо“ – напишаа Дац и Александар.

„Беше задоволство што те познавав и што соработував со тебе. Збогум легендо на Балканот“, напиша пејачот Жељко Самарџиќ.

„Ти знаеше цело време колку добра и посветена ќерка имаш,твојата Вики, внуците, зетот за кого не пропушташе да кажеш некоја досетка .Те знам цел живот, прво како некој кој беше тука околу миксетите на сите концерти на Кале. 1983 свиреа Бјело дугме ,имав 13 години и сакав автограм од Бреговиќ. Горан така ми се сврте и ми вели:Немам време,не се потпишувам! Јас мала се свртев и си тргнав. Туку едно време вика некој по мене:Мала,мала врати се! Јас се вртам позади ,да не има некоја друга “мала”,тој вели: Ти,ти! Се вратив и Џаро му вика на Горан:Ово што си сад урадио детету,немој више никада да радиш. То ти је посао. Ми се потпиша Горан, јас среќна и мојот херој беше Џаро. Кога пораснав се дружевме многу, беше и во Вртелешка, неговите приказни немаа крај. Џаро бејб организирај еден концерт горе, имаш добро друштво. Слава ти бејб! Те сакам,редок лик“, се прости и Весна Петрушевска.

„Почивај во мир најдраг учителу Џаро. Сите кои се занимаваме со естрада, спорт и бизнис имаме свои спомени и симптични анегдоти кога ќе спомне Џаро. Јас имав среќа во 1991 година Џаро да ја слуша мојата емисија на Студентско радио и после некое време кога се отвори првото приватно радио – КМРСКАЈ негов услов и желба да дојде да води емисија била да направам трансфер од Студентско радио во КМР и во недела пред неговата да оди мојата емисија од 8-12 часот…“, напиша Ранко Петровиќ во подолга објава на својот фејсбук-профил.

Почина познатиот менаџер Велибор Џаровски-Џаро

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот