На 6-ти мај: Голем „Велигденски хепенинг 2024“ пред паркот во Ѓорче Петров

Фоо: Промо

На 6-ти мај (понеделник) со почеток во 18.00 часот пред паркот во Ѓорче Петров ќе се одржи голем „Велигденски хепенинг“. Манифестација која е замислена да ги собере и сплоти сите граѓани на општината и пошироко, за заеднички да ја почувствуваат магијата на велигденските празници, но и заедничкото дружење меѓу себе на соседите, роднините, другарите, пријателите, за убав муабет, размена на позитивна енергија, насмевки… но и одлична забава со дел од најпознатите музички ѕвезди од македонската естрада.

За оние повозрасните кои ги паметат старите добри времиња ќе настапи легендата на македонската забавна песна, единствениот Драган Мијалковски со избор од своите незборавни евергрини.

За помладата публика, тнејџерите, но и нивните млади родители забавата ќе ја продолжат предводниците на македонската трап сцена.
Младите ѕвезди Таско и Пајак кои важат едни од најпопуларните изведувачи на македонската поп естрада последниве години воопшто. Секој со свој настап и своја програма, во која ќе им се придружи младата “ѕвезда што се раѓа“ Малена, со која ќе испеат и неколку дует песни.

Дуото „ДНК“ исто така ќе имаат свој музички перформанс, каде Панчо и Андреј со своите ултрапопуларни хитови ќе ги забавуваат присутните граѓани, кои се очекува да дојдат во голем број на овој прв „Велигденски хепенинг“ во општина Ѓорче Петров, манифестација кој се очекува во иднина да прерасне во традиционална.

За крај забавата ќе продолжи со изведба на најпознатите македонски, странски и регионални хитови и евергрини, со кои присутните со својата жива изведба ќе ги забавува една од најдобрите македонски групи, познатите кралеви на ноќните клубски свирки, „Либеро бенд“.

Така во повеќе од два часа присутните граѓани на општина Ѓорче Петров, од најмладите до највозрасните, но и сите останати што ќе дојдат на првиот „Велигденски хепенинг 2024“ ги очекува незаборавна забава и искрено меѓусебно дружење.

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот