ФОТО | Јелена Карлеуша пристигна на гласање во Србија: Црно од глава до пети, чантата чини колку автомобил

Фото: Принтскрин /Инстаграм / Karleusastar / www.chanel.com

Граѓаните на Србија денеска гласаат на паламентарни, покраинаски избори, за советници на Собранието на Град Белград и 64 други локални собранија.

Српската пејачка Јелена Карлеуша денеска околу пладне се појави на избирачко место на Дедиње за да ја исполни својата граѓанска должност.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Karleusastar

Пејачката дошла со пријателка, а за нејзиниот стајлинг веќе на големо се пишува.

Јелена Карлеуша излезе на изборите што се одржуваат во Србија, а сите зборуваат за стајлингот на пејачката. По минатогодишното бело издание на изборите, Јелена Карлеуша денеска гласаше облечена во црно од глава до пети.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Karleusastar

Чантата е посебна приказна – станува збор за луксузен модел „Шанел“ од класичната колекција, изработена од најфина кожа и метал во златни тонови. Цената, на веб-страницата на модната куќа, е околу 11.000 долари или околу 10.000 евра.

Фото: www.chanel.com

Исто така, цветот, односно црната магнолија што ја носела на фустанот е заштитен знак на луксузната модна куќа „Шанел“.

ВИДЕО | Новогодишна бајка: Ѕирнете во украсениот дом на Јелена Карлеуша

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот