ФОТО: Изгорениот автобус пренесен во поранешна касарна во Перник

Изгорениот автобус
Изгорениот автобус/ Фото: Георги Димитров, Нова (Бугарија)

Изгорениот автобус денеска бил однесен во дворот на поранешна воена касарна во Перник, јавува бугарската телевизија „Нова“ објавувајќи фотографија од локацијата.

Градоначалникот на рударскиот град, Станислав Владимиров изјави дека делницата од автопатот во насока кон Дупница останува затворена уште најмалку 1-2 дена.

Во вчерашната трагедија на автобусот на „Беса транс“ загинаа 45 луѓе, а седуммина ја преживеаја несреќата.

Изгорениот автобус
Изгорениот автобус/ Фото: Георги Димитров, Нова (Бугарија)

ФОТО+ВИДЕО | ВО ЖИВО: Сите информации за тешката сообраќајна несреќа во Бугарија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот