Лисабон - Фото: Peter Delius / Alamy / Profimedia

ФОТО | Избрани се најшарените градови во светот, на листата има и еден од соседството

Студија на ирската компанија за патничко осигурување „Џаст кавр“ (JustCover) го издвои Лисабон како најшарениот град во светот, пишува „Еуроњуз“. Во анализираните фотографии од португалската престолнина биле откриени повеќе од 2,6 милиони бои, а на листата се најде и еден град од нашето соседство.

Во време кога патувањата сè повеќе се документираат на социјалните мрежи, естетиката и визуелниот впечаток стануваат важен фактор при избор на дестинација, особено за оние кои уживаат во фотографирање и создавање содржини. Според истражувањето, токму во визуелните прикази на Лисабон се регистрирани повеќе од 2,6 милиони нијанси.

Португалската престолнина е позната по своите пастелни згради и декоративни плочки што ги покриваат историските квартови како Алфама, како и по жолтите трамваи што се движат низ тесните улици.

На второто место се најде Куала Лумпур во Малезија, кој се издвојува по впечатливиот контраст меѓу модерните облакодери и традиционалните објекти, вклучувајќи украсени храмови и светилишта. Скалите во боите на виножитото во Бату пештери се една од најпознатите атракции поврзани со оваа дестинација.

Куала Лумпур – Фото: Wikimedia Commons

Третото место му припадна на Порто, со што дополнително се нагласува присуството на Португалија на листата. Карактеристичните теракотни покриви и шарените куќи покрај реката Доуро го прават овој град лесно препознатлив.

Порто – Фото: Flickr/ Ray in Manila

На четвртото место е пристанишниот град Картагена во Колумбија, познат по своите живописни бои, додека Рио де Жанеиро во Бразил е на петтото место, со повеќе од 2,3 милиони уникатни бои забележани на фотографиите. Меѓу најпознатите атракции таму се скалите на Хорхе Селарон, покриени со шарени плочки.

Картагена – Фото: Flickr/Pedro Szekely
Рио де Жанеиро – Фото: Wikimedia Commons

За оваа анализа биле користени репрезентативни дневни фотографии од секоја локација, без силни филтри, а потоа со специјална алатка бил утврден бројот на бои присутни на сликите, со цел да се издвојат најживописните дестинации.

Ова се 15-те најшарени градови во светот:

1. Лисабон
2. Куала Лумпур
3. Порто
4. Картагена
5. Рио де Жанеиро
6. Гванахуато
7. Хавана
8. Ханој
9. Њу Орлеанс
10. Меделин
11. Дубровник
12. Сингапур
13. Антигва
14. Барселона
15. Њујорк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот