ФОТО | Во Хрватска уништени плакатите за концертот на Цеца, се огласи пејачката: Не ме допираат екстремните малцинства, а најмалку Албанците од Хрватска

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Целосно уништени плакати и билдборди за концертот на Светлана Цеца Ражнатовиќ низ Загреб, но и во други места во Хрватска, пренесува „Индекс.хр“.

Плакатите за нејзиниот концерт во Марибор, кој е закажан за 16 март, се покриени со три букви Б, што е знак дека зад вандализмот стои навивачката група „Бед блу бојс“ (Bed Blue Boys).

 

Имено, билборд е уништен и во Ланиште, а граѓаните се шокирани што тоа се случува во нивниот град.

По тој повод пејачката се огласи за српски „Блиц“, нагласувајќи дека музиката не знае за политика.

– Хрватите ме обожаваат, музиката не познава политика и граници. Не ме допираат екстремните малцинства, а најмалку Албанците од Хрватска – изјавила кратко Цеца за „Блиц“.

Инаку, се крена голема прашина откако се појавија информации дека Светлана Цеца Ражнатовиќ им должи пари на бројни соработници кои во изминатите децении ги пишувале нејзините песни, објави српски „Курир“.

Покрај Александар Милиќ Мили, со кого Цеца веќе подолго време е на суд поради спорот за сопственоста на фонограмите, се огласи и текстописецот Љиљана Јорговановиќ која потврди дека Ражнатовиќ ѝ должи пари, како и претставници на компанијата „Конект нетворк“, кои го претставуваат семејството на покојниот композитор Добривој Доца Иванковиќ.

 

ВИДЕО | Цеца на премиерата на „Недела“: Облекла модна комбинација од 10.000 евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот