ФОТО | Илон Маск ги однесе четирите сина на средбата со папата Франциско

Фото: Принтскрин/Твитер

Милијардерот Илон Маск, косопственик на американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“, објави фотографија со папата Франциско, меѓу кои се и неговите четири сина. Маск напиша дека е почестен што во петокот се сретнал со папата.

Ватикан за настанот не се огласи, не даде никакви информации за што се разговарале милијадерот и папата.

Извршниот директор на „Тесла“ и „СпејсИкс“ не бил на официјалната листа на посетители, па можеби  со поглаварот на Католичката црква се сретнал во „поприватен“ аранжман. Според италијанските медиуми, тие разговарале за технологијата и како таа би можела да им помогне на луѓето во иднина.

 

Маск објави фотографија од средбата во раните утрински часови во саботата, откако една и пол недела не објави ниту еден твит. Средбата се одржала во домот на св. Марте каде што живее папата. На средбата, Маск бил во друштво со четирите сина Грифин, Каи, Демијан и Саксон, кои ги доби во бракот со поранешната сопруга Џастин Маск.

Вообичаено е папата Франциско, кога ќе се сретне со извршните директори на корпорациите, да апелира да ги користат богатството и технологијата за да им помогнат на најсиромашните.

Управниот одбор на директори на Твитер на 21 јуни препорача акционерите да ја прифатат понудата на Маск, иако акциите на Твитер и понатаму остануваат под неговата понудена цена, што предизвикува сомнеж дека продажбата навистина ќе се случи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tim and Kim (@tim_andkim)

Најстариот син на Илон Маск прави промена на полот и името: Ги раскинува сите врски со милијардерот

ФОТО | Колку наследници има Илон Маск, новиот сопственик на Твитер

ФОТО | „Илон Маск има нова девојка“: Која е 23-години помладата актерка која го освои неговото срце?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот