ФОТО | Игор Џамбазов, гол замина на летување: Еве, стигнавме и на Бахамите!

Фото: Промо

Игор одамна е заминат на Бахамите, поточно на југозападниот дел на Дојранското Езеро, во прекрасното Сретеново кое е неговиот рај, особено кога покрај него е Илина.

Можеби во моментов Игор физички не е таму, но една од неговите книги, најконтроверзната – „Гол човек“, „ужива“ под сенката на палмините листови во друштво на нејзиниот читател.

Секогаш оригинален Џамбазов се пошегува со фотографијата која ја сподели на својот инстаграм – профил, а истата е испратена од негова обожавателка која веруваме уживала во едно од најпопуларните дела на актерот во кое комплетно го соголува својот живот.


Еве, стигнавме и на Бахамите, стои во објавата на Игор.

ФОТО | Игор Џамбазов лут, предупредува: Профилот на Илина Арсова е хакиран!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот