ФОТО | Игор Џамбазов лут, предупредува: Профилот на Илина Арсова е хакиран!

Instagram
Instagram

Уживавме во секоја објавена фотографија која македонска ликовна уметница и планинарка, Илина Арсова, ја споделуваше со својот инстаграм – профил, а особено се радувавме на заедничките фотографии со Игор.

Профилот на Арсова е исполнет со уметност, адреналин, животни искуства, авантури, спокој и љубов.

Instagram
Instagram


На социјалните мрежи кружи предупредување дека некој посегнал по профилот на Илина, на која ја следат повеќе од 15 000 фанови и пријатели од нашата земја и надвор од неа.

Игор на својот инстаграм – профил напиша:

Дечки, некој го хакнал профилот на Илина Арсова, Сите пораки што ќе ви стигнат, не се од Илина, туку од идиотот што го хакнал. Ве молам пријавете и блокнете, стои во објавата која Џамбазов ја сподели на својот профил.

На социјалните мрежи, Игор и Илина споделија бројни предупредувања до нејзините следбеници да ги игнорираат сите пораки кои ќе бидат испратени од нејзиниот профил во периодот кој следи бидејќи истиот е хакиран, со надеж дека профилот на Илина полн со прекрасни спомени повторно ќе биде нејзин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот