ФОТО I Нема место за ДКСК: Министерството за политички систем, како и Агенции и Дирекции во новиот објект кај МНТ и МНР

Фото: facebook.com/ArtanGrubi

Министерството за политички систем, Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Националниот албански ансамбл, како и повеќе Дирекции за афирмација на заедниците ќе бидат корисници на простории во новата зграда во близина на МНТ и на МНР што денеска беше пуштена во употреба.

Фото: facebook.com/ArtanGrubi
Фото: facebook.com/ArtanGrubi

На свеченоиста присуствуваа лидерите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, претседателот на Собранието, Талат Џафери, потпретседателите на Владата, Артан Груби и Љупчо Николовски и други. Објектот е изграден во барок стил, дел од проектот „Скопје 2014“, ѕидовите се „покриени“ со десетици уметнички фотографии, опремен е со кожни гарнитури во честерфилд стил, итн.

Фото: facebook.com/ArtanGrubi

– Новиот простор, благодарение на можноста на самата Влада, министрите под раководство на првиот потпретседател на Владата, од голем дел на заштедените средства уплати 620 милиони денари или 10 милиони евра на Акционерското друштво за станбен и деловен простор за да ја откупи зградата што го врати кредитот. Државата си врати кредит со овие пари, притоа доби едно ново Министерство, рече Заев.

Фото: facebook.com/ArtanGrubi

Иако во новиот објект беше предвидено да се смести и Државната Комисија за спречување на корупција (ДКСК), Владата, сепак, се откажа од идејата. Во тој контекст Заев истакна оти предност за простории се дала за владини институции и истакна дека Владата одлучила да одвои пари за реновирање на веќе постојните канцеларии на ДКСК.

Фото: facebook.com/ArtanGrubi

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот