ФОТО | И идните кралеви се луѓе: Принцот Чарлс сам си го мести креветот и се капе исклучиво во млака вода
Идниот крал, принцот Чарлс има тим кој му помага во секојдневниот живот. Нормално, па човекот е од кралско семејство.
Тој негов тим има клучна улога во неговото лично, и по малку бизарно однесување кога се во прашање хигиенските навики и утринските ритуали на почетокот на денот.
Како висок член на кралското семејство, нему му се постојано достапни луѓе со кои има секојдневна „соработка“. Тие му помагаат во секојдневните обврски како што се местење кревет до следење на распоредот на настани и внимавање да е секогаш и секаде на време. Оние што работат за него, му помагаат во неговата строга рутина – тој се подготвува секогаш еден ден однапред. Изгледа, принцот не сака изненадувања. Увидот во неговата рутина ја откри поранешниот батлер кој работел за него и принцезата Дијана, Пол Барел.
Низ документарецот „ Serving the Royals:Inside the Firm“, Барел изјави:
„Неговите пижами се пресуваат секое утро, а врвките од нив се пеглаат. Кога е во прашање неговото утринско капење, тој сака исклучиво млака вода, и до половина наполнета када.“
Специфично.
Поранешниот батлер исто така додаде дека чепот во кадата мора да биде свртен во одреден правец, а крпата за бришење мора да е по вкус на принцот, воедно долната облека да биде беспрекорно мазна без набори.
Исто така, познато е дека тој самиот сака да си го надгледува сопственото земјиште и без проблем се снаоѓа во „калта“
View this post on Instagram
Дали ваков третман добиваат и неговиот син, принцот Хари и снаата Меган кога доаѓаат во Велика Британија?
Се зборува дека Чарлс му понуди „луле на мирот“ на својот син и неговото семејство, повикувајќи ги да останат кај него пред следното патување. Принцот изрази цврста желба да помине квалитетно време со своите внуци Арчи и Лилибет, затоа што ги нема видено одамна, а ја нема ни запознаено Лилибет од самото нејзино раѓање. Наследникот сакаше да ги собере сите на купче откако Хари и Меган одлучија да ги напуштат своите кралски должности и заминаа за Калифорнија.
Чарлс иако имал добронамерен план, сакајќи да се зближи одново со својот син, сепак Хари одлучи дека враќањето во Велика Британија би значел и безбедносен ризик за неговото семејство.