ФОТО | Хурем блеска во Кан: Турската актерка изгледа како божица!

Мерјем Узерли
Мерјем Узерли / Фото: EPA

Кан во четвртокот беше резервиран за хуманитарниот гала настан на Американската фондација за истражување на сидата, на кој се појавија бројни познати личности. Меѓу нив беше и турско-германската актерка Мерјем Узерли, која на нашата публика ѝ е најпозната по улогата на Хурем Султан во турската серија „Muhteşem Yüzyıl“, кај нас преведена како „Величествениот султан“.

Убавата Узели облече едноставен светлосин фустан во Кан, кој ѝ ја следи линијата на телото. Стајлингот го искомбинира со дискретен, но впечатлив накит, токму како што одговара на таков гламурозен изглед.

Мерјем Узерли / Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER
Мерјем Узерли / Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Хурем пред неколку дена се прошета на Канскиот филмски фестивал во интересен фустан, и уште подобар модел на сандали. Таа избра необичен фустан за 18 мај и премиерата на филмот „Indiana Jones And The Dial Of Destiny – part 1“.

Актерката беше една од најдобро облечените дами меѓу плејадата славни ѕвезди кои продефилираа изминативе десет дена во Кан.

Мерјем Узерли / Фото: Инстаграм/Мерјем Узерли
Мерјем Узерли / Фото: Инстаграм/Мерјем Узерли

 

ФОТО | Хурем Султан го прослави својот 39-ти роденден: Роденденската торта кажува нешто друго

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот