ФОТО | Хрватска порно ѕвезда ќе учествува на Европско првенство во секс

Фото: Instagram/ marija.zadravec.21

За првпат се организира Европско првенство во секс кое ќе се одржи во Гетеборг, Шведска. На официјалната смотра на 8 јуни ќе учествува и хрватската порно глумица Марија Задравец, позната како „Слатката Мери“, пренесува „24сата“.

Фото: Instagram/ marija.zadravec.21

Имено, натпреварот е во организација на „Шведскиот сексуален сојуз“ и ќе трае два месеци. Во официјалната објава на организаторот се вели дека иницијативата за овој натпревар е желбата да се укаже на положбата на жената во општеството. Тие сметаат дека сексот е еден од ретките спортови во кои жените се еднакви со мажите, а често и подоминанти.

„Натпреварот се одржува во Гетеборг. Организатор е „Шведската сексуална унија“. Швеѓаните гледаат на сексот како на спортска дисциплина. Како се изборив за настап? Минатата година настапив на саемот за еротика во Љубљана, каде запознав моќни луѓе од порно индустријата. Јас сум единствената порно актерка во Хрватска, па добив покана да ја претставувам нашата земја“, раскажува Задравец.

Фото: Instagram/ marija.zadravec.21

На ова првенство, учесници ќе бидат 10 мажи и 10 жени. Тие ќе бидат сместени во куќа, каде ќе бидат постојано снимани, а луѓето ќе можат да ја следат емисијата. Категориите во кои хрватската порно глумица ќе се натпреварува се: заведување, масажа, масажа на ерогени зони, предигра, орален секс, пенетрација, издржливост, изглед, позирање, креативност.

Фото: Instagram/ marija.zadravec.21

„Натпреварите ќе траaт 45 минути дневно. Секој натпреварувач ја избира личноста со која сака да се натпреварува во одредена категорија тој ден. Затоа, нема да имам постојан партнер, туку ќе го изберам оној кој мислам дека ќе биде добар во одредена категорија“, додала Марија.

Таа објаснила дека за првите три места има богат награден фонд, точните суми засега не се познати, а ќе бидат поделени и медали за најдобрите. Победникот на натпреварот ќе оди директно на Светско првенство.

Фото: Instagram/ marija.zadravec.21

Инаку, таа е единствената професионална порно актерка од Хрватска која снима филмови за возрасни за големите продукции.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот