ФОТО: Христијан Илиоски е новиот БМУ Европски мотокрос шампион во класата MX

фото: facebook/Hristian Iliovski KIKO 90

Христијан Илиоски доминираше годинава и стана новиот БМУ Европски мотокрос шампион во класата MX.

Ја претставуваше Македонија на најдобар можен начин, тоа го докажа и на последната трка со освоеното првенство во Севлиево, Бугарија.

Во Севлиево имаше над 130 натпреварувачи од Бугарија, Романија, Србија, Македонија, Грција, Турција и Молдавија.

– Им благодарам на сите што учествуваа и ме поддржaа во сезона 2023. Извозени 18 трки и освоено на сите прво место. Многу подвизи на почетокот да се издржи 2023 сезоната, но секогаш со многу верба, среќа, радост и работа да се истраe до крај за највисок пласман. Од срце благодарност на мојата фамилија, на моите спонзори и на моите фанови – вели Илиоски.

На конечната табела во класата MX во БМУ Европскиот мотокрос шампионат Илиоски освои максимални 250 поени, со победи во Кринидес (Грција), Афјон (Турција), Крешево (Босна и Херцеговина), Кортен (Бугарија), Глобаре (Србија) и Севлиево (Бугарија).

фото: принтскрин/frm.ro
фото: facebook/Hristian Iliovski KIKO 90
фото: facebook/Hristian Iliovski KIKO 90

Христијан Бузалковски испиша историја, бронза на Европскиот ФИМ СТК1000 шампионат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот