Христијан Бузалковски испиша историја, бронза на Европскиот ФИМ СТК1000 шампионат

фото: facebook.com/HristijanBuzalkovski71

Испишана е историја во македонскиот брзински моторциклизам, Христијан Бузалковски успеа да го освои бронзениот медал од Европскиот ФИМ Европа СТК1000 шампионатот.

Изминатиот викенд во Гробник, Хрватска, во првата трка славеше Австриецот Мартин Тришер, пред двајцата Македонци Христијан Бузалковски и Синиша Кочоски, четвртопласираин заврши Унгарецот Даниел Ерсек, а дисквалификуван беше Ленар Улбел од Австрија.

Во втората трка Улбел и Тришер се најдоа на првите две позиции, пред Ерсек, Кочоски и Бузалковски.

Во конечниот генерален пласман Тришер се најде на врвот со 262 поени, пред неговиот сонародник Улбел (236), а на третото место е Бузалковски со 169 поени. Кочоски заврши како четвртопласиран со 147 поени. Резултати и пласман на следниот линк ТУКА

– Ја извозевме најдолгата сезона во нашата кариера! Конкуренцијата беше голема и навистина сериозна! Чест и задоволство беше да се бориме со тие тимови и да пробаме да се измешаме помеѓу најдобрите, иако немавме доволно тренинг на стазите коишто ги возевме (бидејќи секоја од стазите е на +1000километри!) – вели Бузалковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот