ФОТО | Холандската кралица Максима се појави на воена вежба во камуфлажна униформа
Носејќи воена камуфлажна униформа и маска за лице, кралицата Максима од Холандија се појави речиси непрепознатлива вчера во холандскиот воен центар за обука во близина на Амстердам, објави Граунд њуз.
Препорачано
54-годишната жена учествуваше во две вежби со членови на Кралската воена полиција, објавија холандските медиуми. Во една од вежбите, кралицата помогна во пружањето прва помош на „повредените“ војници во она што некои учесници го опишаа како симулирани борбени услови.
Queen Máxima visited the military training ground at the Royal Netherlands Marechaussee’s training center.
📸 Ministerie van Defensie pic.twitter.com/X0BDuSVm3H
— ChristinZ (@ChristinsQueens) October 28, 2025
Вежбите се одржаа во тренинг-центарот Хардервајк, околу 70 километри источно од Амстердам, како дел од годината на волонтерска служба, програма насочена кон привлекување нови регрути во холандските вооружени сили.
Ќерката на кралицата Максима, 21-годишната принцеза Амалија, започна воена обука во септември, добивајќи чин подофицер. Таа, исто така, студира право на Универзитетот во Амстердам.


