ФОТО | Хилари Свонк стана мајка на 48 години, роди близнаци: Не беше лесно…

Фото: Профимедиа/ Принтскрин/ Инстаграм

Актерката Хилари Свонк (48) и филмскиот продуцент Филип Шнајдер (45) станаа родители на близнаци.

Двократната оскаровка ги израдува обожавателите кога минатата година објави дека е бремена на 48 години. Среќната вест ја сподели на Инстаграм, објавувајќи фотографија на која ги држи близнаците, гледајќи го зајдисонцето.

„Не беше лесно. Но, момче и девојче, вредеше“, сподели Хилари на Инстаграм и го честиташе Велигден.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Да потсетиме, Хилари ја објави среќната вест во текот на гостувањето во емисијата „Добро утро Америка“, во октомври 2022 година.

Фото: Профимедиа

„Има нешто што го чекав многу долго и тоа е мојата следна новост – ќе бидам мајка. Пристигнуваат две деца, не ми се верува. Се чувствувам одлично во моментов, само што облеката ми е тесна. Ова е голем благослов, апсолутно чудо. Неверојатно е“, рече пресреќната актерка.

ФОТО+ВИДЕО | Хилари Свонк ќе стане мајка на 48-годишна возраст

Шокантна исповед на Хилари Свонк: Добив Оскар, но немав пари за здравствено осигурување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот