ФОТО | Граѓани оставаат цвеќе на местото на трагедијата во Тафталиџе, пред денешниот протестен марш
Граѓани претпладнево, на овој Осми Март одбележан од страотната трагедија во скопската населба Тафталиџе, оставаат цвеќе на местото на кое животите ги загубија Ивана Јовановска и нејзината шестгодишна ќерка, Катја – долготрајни жртви на брутално семејно насилство.
Препорачано
-
1
-
2
-
3

Во Скопје денеска се одржува протестен марш, кој е посветен на борбата против насилството врз жените. Учесниците ќе побараат државата конечно да го сфати сериозно проблемот со семејното насилство и соодветно да ги заштити жените жртви. Јавноста деновиве бараше и одговорност од државните институции, од полицијата и социјалните служби, затоа што не успеале да го спречат долготрајното насилство од сопругот и татко на Ивана и Катја, Стојанче, кое траело сè до самиот момент кога 31-годишната мајка се одлучи на очајничкиот чин – да се самоубие заедно со своето дете.

Протестниот марш ќе тргне точно напладне од паркот „Жена-борец“.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
41мин
-
1час
-
1час
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


