ФОТО | Градоначалникот ја призна љубовта со фолк пејачката: Тања е добра душа, има харизма која не се раѓа!

Драшко Станивуковиќ и Тања Савиќ
Драшко Станивуковиќ и Тања Савиќ / Фото: Инстаграм, Драшко Станивуковиќ и Тања Савиќ

Позната пејачка Тања Савиќ по бројните семејни драми и долгата разделба од децата, конечно ужива во малку мир, но многу љубов. Конечно среќата и се насмевна. Савиќ ужива во љубовта и вниманието на градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ.

Тања и Драшко  по се изгледа ќе стапнат на „лудиот камен“, а таа информација Душко ја пренел на своите пријатели. Пред да разговара со родителите, Станивуковиќ најверојатно се доверил на своите блиски пријатели дека со Тања има сериозни намери.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @tanja_savic_fanclub


Неговите блиски пријатели и членови на семејството не веруваа во пишувањето на медиумите, но откако се појавија фотографии на кои Тања и Драшко како уживаат во заедничко друштво на вечера вечера, Станивуковиќ ја откри вистината.

„Љубовта кон Тања победи. Тој тоа веќе не го крие, па дури и на родителите им објасни дека таа е права жена за него и дека со неа има сериозни намери“, изјавил извор близок до Станивуковиќ за „Скандал“ и додал:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TANJA SAVIC (@tanja_savic_private)

„На другарите им рече дека Тања е добра душа, има харизма која не се раѓа, како и дека има ангелски глас од кој му застанува здивот“, изјавил изборот близок до Драшко.

Потсетуваме, фолк-пејачката Тања Савиќ од бракот со Душан Јованчевиќ ги има синовите Максим и Ѓорѓе, кои по судска сага подолга од една година, успеа да ги добие и донесе во Србија од Австралија, каде што, наводно, без нејзина согласност биле однесени од страна на сопругот.

Љубовен триаголник: Градоначалникот на Бања Лука е во врска со пејачката Тања Савиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот