Семејството на Горан Папаз / Фото: Фејсбук/Горан Папаз

ФОТО | Горан Папаз покажа како навистина живее со трите мали деца

Музичарот Горан Папаз покажа како навистина изгледа животот со неговите три деца, кои неодамна наполнија една година.

Веселата атмосфера и слаткиот неред што го прават Лена, Луна и Лазар се гледаат на неколкуте фотографии кои ги објави саксофонистот. До фотографиите, тој ја објавил и својата песна „Кога љубов имам“.


На 30 декември лани, Горан и неговата сопруга Наташа споделија неколку семејни фотографии од домашната прослава со малите Лена, Луна и Лазар, но и со поголемото синче Дамиан на Папаз, како и со нивните најблиски.

„365 дена поминаа, одиме понатаму! Мои татини пиленца, да бидете здрави и најсакани цел живот. Ве сакам до Плутон и назад! Мајка ви е, исто така, многу убава и многу ја сакам. Среќен роденден, души мои“, напиша тогаш музичарот.


Тој ѝ посвети и емотивна објава на својата мајка, која прослави роденден кратко по роденденот на децата.

„Среќен роденден, мајка. Фала ти за сѐ што правиш за сите нас. Криво ми е некогаш што се забораваш себеси за да ни угодиш на сите нас, ама тоа си ти, затоа си посебна. Да си здрава и среќна и секогаш! Те сакаме!“, напиша саксофонистот, кој е по потекло од Охрид.


Многумина беа пријатно изненадени кога музичарот во 2024 година објави дека неговата сопруга природно забременила со тројки.

„Двајцата бевме среќни, збунети и малку исплашени, бидејќи е реткост. Не познаваш многу примери околу себе за да те советуваат од искуство. Самата бременост по себе носи ризици и за бебињата и за мајката“, рече Папаз тогаш, а потоа се пошегува дека сега има музичари за својот бенд.

ФОТО | „Раце полни љубов и среќа”: Горан Папаз и сопругата го прославија првиот роденден на трите дечиња

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот