ФОТО | Гоце Тодоровски по долго време се појави во јавноста, поводот е специјален
Легендарниот актер Гоце Тодоровски по долго време се појави на јавен настан, а поводот беше специјален.
Препорачано
Тодоровски дојде на прославата на јубилејот – осум децении постоење на еден од најважните столбови на македонската култура, Драмски театар Скопје. Во оваа прилика, присуството на доајените не е само чест, туку и емотивно потсетување на златните времиња. Помеѓу бројните гости на црвениот тепих беше и Гоце, кој речиси целиот свој работен век го помина на оваа сцена.

Иако веќе неколку години е во заслужена пензија и ретко го гледаме во јавноста, Гоце покажа дека за него годините се само бројка. Облечен во лежерно, спортско издание, со својот препознатлив поглед зад очилата и дискретна насмевка, тој ги потсети сите присутни зошто со децении беше „заштитно лице“ на македонскиот хумор и драма.
Гоце Тодоровски е роден во 1951 година и во јули ќе наполни 75 години.
Во една прилика, Гоце Тодоровски искрено проговори за една приказна поврзана со неговата сопруга Тања, но и за времето кога бил во болница.
„Долго време мислеа дека сум ерген, дека не сум женет, а јас многу млад се оженив, на 24 години. Жена ми не ми се налути, знаеше дека никогаш нема да ја оставам. Луѓе ѝ се јавуваа дома да ѝ кажат дека сум со нив излезен. Сопругата им викаше: ‘Тој никогаш нема да ме остави, ве лаже, џабе мислите дека ве сака’. Додуша, јас сите ги сакав. Не бев вљубен, туку, едноставно ги сакав, инаку не би бил со нив“, рече познатиот актер.
Инаку, специфично за него е што тој има син кој исто така се вика како него, Гоце Тодоровски, а неговата ќерка има руско име – Сашенка.


