ФОТО | Ги извлекле нивните среќни броеви на лотарија за „џек – пот“, а Рејчел и Лиам не го уплатиле добитното ливче!

Instagram/Тwitter
Instagram/Тwitter

Двојка од Англија повеќе од еден месец играла исти броеви на меѓународната лотарија „Евромилионс“. Среќата што ја доживеале кога ги виделе извлечените броеви многу брзо се претворила во вистински шок и неверување.

Рејчел Кенеди (19) и Лиам Мекрохан (21) од Хертфордшир играле исти броеви пет недели по ред – 6, 12, 22, 29, 33, 6 и 11 – и токму тие бројки биле извлечени во петокот.

Сметката на Рејчел имала налог за автоматско плаќање на билетот секоја недела, но се случило таа недела да нема доволно пари на својата сметка и уплатата не била успешно извршена.

Сепак, апликацијата и покажала дека нејзините вообичаени броеви се добитни и дека ќе станат милионери.

На апликацијата ми појави дека имам „добитна комбинација“ и помислив дека освоивме џек – пот. Ги поканив Лиам и мајка ми во собата и тие исто така не можеа да поверуваат. Одлучивме да ги повикаме веднаш. Го повикав бројот мислејќи дека освоив 182 милиони фунти, но тие ми рекоа дека имам точни броеви, но дека немам доволно пари на сметката, така што мојот налог за плаќање на билетот не бил извршен. Во еден момент, јас бев на врвот на светот, но кога дознавме што се случи беше вистински шок, а Лиам беше многу повознемирен од мене,  изјавила Рејчел за „The Sun“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by rachel (@rachelkennedyyx)


Лиам веќе започнал да планира што ќе прави со парите пред да ги дознаат непријатните вести.

Таа беше прилично опуштена, но јас веќе „ги потрошив“ сите пари во главата. Целосно ме скрши кога човекот по телефон рече дека уплатата не поминала. Веќе ја замислував нашата куќа и автомобил од соништата, искрено, малку бев занесен, признал Лиам.

Рејчел сега смета дека бројките што ги играле досега немаат среќа и решиле да изберат други бројки за следните игри во иднина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by rachel (@rachelkennedyyx)


Пет недели по ред игравме исти броеви, но всушност имаме две комбинации на броеви што ги играме. Едната комбинација се родендени на нашето семејство, а другата се случајно избрани броеви и таа комбинација беше победничка. Повеќе нема да ги користиме тие броеви. Никогаш не сум освоила ништо на наградни игри и очигледно немам многу среќа кога станува збор за такви работи, заклучила Рејчел.

Нивниот пропуштен џек -пот го освоил човек во Швајцарија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот