ФОТО | Фотографија што го обиколи светот: Џони Деп како контроверзниот француски крал Луј Петнаесетти

Фото: Профимедиа

Холивудскиот актер Џони Деп ќе глуми во филмот за епохата и тоа како кралот Луј Петнаесетти. Овој филм го следи животот на последната љубовница на Луј Петнаесетти на дворот во Версај по мадам Помпадур.

Улогата на контроверзната историска личност е првиот голем филм на ѕвездата од „Пиратите од Карибите“ по три години.

Фотографијата на Деп како кралот Луј Петнаесетти осамна на социјалните мрежи и на сите водечки светски медиуми кои се занимаваат со филм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @nodeppnolife


Во текот на трите месеци работа на филмот, планирано е филмската екипа да работи на препознатливи локации во Париз, меѓу другото и во палатата во Версај.

Зад овој проект стои француската сценаристка, режисерка и актерка Мајвен.

Со криминалистичката драма „Полис“ (2011) ја освои наградата на жирито во Кан, потоа доби 13 номинации за наградата „Цезар“, а потоа со следните остварувања „Мојот крал“ (Mon roi) и „ДНК“ (АДН), се натпреваруваше, исто така, на Кроазета.

Филмот е продуциран од најпопуларниот стриминг сервис „Нефликс“.

Прва по судскиот процес: Џони Деп во улога на контроверзниот француски крал Луј XV

Џони Деп потпиша милионски договор со компанијата која го поддржуваше за време на судењето

Деп донираше 800.000 долари во добротворни цели вклучувајќи ја и болницата на која Амбер ѝ остана должна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот