Прва по судскиот процес: Џони Деп во улога на контроверзниот француски крал Луј XV

џони деп
Џони Деп / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

По победата на судењето во кое се судеше со поранешната сопруга Амбер Херд, работите за Џони Деп постепено се враќаат во нормала. Сега пак, според веста што објави Синемабленд, актерот, продуцент и музичар, е забележан во Франција на снимањето на неговиот следен филм со наслов „Jeanne du Barry“, во режија на француската актерка и режисерка Мајвен. Во филмот Деп ја игра улогата на кралот Луј XV. Сценариото е преземено од вистинска приказна која го раскажува животот на Жана Беку (ја игра самата Мајвен), вонбрачна ќерка на сиромашна шивачка, која успева да стигне до францускиот двор.


Премиерата е закажана за 2023 година во француските кина. Netflix го лиценцира филмот за Франција, каде што и ќе се снима. Според Bloomberg, таа финансиска поддршка ќе помогне во финансирањето на продукцијата, но Netflix не е вклучен во ништо друго.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Numéro (@numeromagazine)


Ова ќе биде првата улога на Деп откако Холивуд му го сврти грбот по обвинувањата за семејно насилство од страна на поранешната сопруга Амбер Херд. Актерот треба да добие отштета од 10 милиони долари како компензација. Истата порота ја награди Херд со 2 милиони поради слични обвинувања, па актерката изјави дека ќе поднесе жалба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот