Деп донираше 800.000 долари во добротворни цели вклучувајќи ја и болницата на која Амбер ѝ остана должна

џони деп
Џони Деп / Фото: EPA-EFE/Steve Helber /

Актерот Џони Деп донирал околу 800.000 долари во добротворни цели за здруженија за деца ширум светот, од кои едната е поврзана со неговата поранешна сопруга Амбер Херд, пренесуваат странските медиуми.

Деп донирал пари во болницата во Перт, детската добротворна организација „Great Ormond Street Hospital“, „Footprint Coalition“ и детската болница во Лос Анџелес со која е поврзана Амбер.

За време на шестнеделното судење на поранешните сопружници, Херд призна дека не ја платила ветената донација од 3,5 милиони долари, откако во неколку наврати тврдеше дека парите од разводот биле донирани во добротворни цели.

џони деп
Поранешните сопружници / Фото: EPA-EFE

Уште во 2016 година, Амбер вети дека ќе донира во Детската болница во Лос Анџелес и Американската унија за граѓански слободи.

Во средата, заедницата на Деп „Never Fear Truth“ објави дека актерот направил значителна донација за четири добротворни организации.

Судењето во кое Деп ја тужеше својата поранешна сопруга Амбер поради написот од 2018 година што таа го напиша за Вашингтон пост доби голем публицитет. Во написот, таа тврдеше дека била жртва на семејна злоупотреба , за што неговите адвокати рекоа дека лажно го обвинила дека е насилник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот