Џони Деп потпиша милионски договор со компанијата која го поддржуваше за време на судењето

џони деп
Џони Деп / Фото: EPA-EFE/Steve Helber /

Познатиот актер потпиша договор со модната куќа „Диор“ и стана заштитно лице на нивниот машки парфем „Sauvage“. Ова не е прв пат Џони Деп да соработува со оваа модна куќа.

Првиот договор со „Диор“ Деп го потпиша уште во 2017 година, кога беше заштитно лице на Келн, а сега договорот е обновен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Johnny Depp (@johnnydepp)


Извор близок до овој моден бренд тврди дека, кога е во прашање новата соработка, склучен е повеќегодишен договор вреден најмалку милион долари, како што пренесува TMZ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dior Beauty Official (@diorbeauty)


Официјалната страница на „Dior Beauty“  на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографии и видеа од Деп зад сцената на еден од неговите концерти во Париз, снимени од познатиот снимател Грег Вилијамс.

„Бестрашен, но човечки, исто како „Sauvage“, гласи описот на фотографијата.

Кога Деп првпат потпиша договор со „Диор“ во 2017 година, овој парфем стана најпродаваниот парфем во светот, според страницата „Business of Fashion“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Johnny Depp (@johnnydepp)


Исто така, Диор застана покрај актерот додека тој минуваше низ судењето на светските медиуми во случајот со неговата поранешна сопруга Амбер Херд, која го обвини за злоупотреба. Меѓутоа, по одлуката на судот, актерката го загуби овој случај, а барањето за клевета на Џони беше прифатено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот