ФОТО | Фока на црногорското крајбрежје видена по половина век: Најзагрозениот цицач на Медитеранот

Фото: Wikimedia commons

Во близина на Улцињ е забележан најзагрозениот цицач на Медитеранот, морската мечка, вид на фока, за која се мислеше дека исчезнала пред повеќе од 55 години, пишуваат медиумите.

Морската мечка во Црна Гора, чиј вкупен број се проценува на околу 700 единки, е строго заштитен вид, а како што пренеле локалните медиуми, повторно е забележана на црногорското крајбрежје.

Спортски риболовец од Улцињ, ја забележал фоката додека нуркал, но бил изненаден кога ја сретнал, бидејќи во текот на својата долга нуркачка кариера никогаш не видел вакво животно.

„Апелираме до граѓаните и туристите кои го посетуваат нашето крајбрежје, доколку го сретнат ова прекрасно и загрозено суштество да не го вознемируваат. Можете да ни ги пријавите средбите со медитеранската крзнена фока за да можеме да го следиме и провериме неговото присуство и безбедност“, напишале од Центарот за заштита и проучување на птици во Црна Гора.

Тие додале дека посакуваат морето да е мирно, за фоката да остане што подолго.

Инаку, поради нивото на закана, во последните децении беа преземени бројни активности со цел да се заштити преостанатата популација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот