Еминем, ќерката Алејна Скот со сопругот - Фото: Инстаграм/alainamariescott/ЕПА/EPA/ETIENNE LAURENT

ФОТО | Еминем по вторпат стана дедо – неговата ќерка Алејна роди девојче

Легендарниот рапер Еминем има огромна причина за славење. Неговата најстара ќерка, Алејна Скот, на свет го донесе своето прво дете, со што славниот музичар по вторпат стана дедо.

Скоти Мари – Фото: Инстаграм/alainamariescott

Алејна (32) на 14 април роди девојче, а среќната вест ја сподели со своите следбеници на Инстаграм два дена подоцна, објавувајќи ги првите фотографии со сопругот Мет Молер и новороденчето.

Девојчето го доби името Скоти Мари, а Алејна објасни дека изборот има многу посебна симболика и е посветен на жените во нејзиното семејство, нејзините сестри.

„Скоти, во чест на моите ’сестри Скот‘. Жените кои му дадоа толку многу значење на моето име и мојот живот. Нека таа сега му даде свое значење и нека секогаш знае колку е сакана од мама, тато и нејзините тетки“, напиша Алејна во емотивната објава.

Скоти Мари – Фото: Инстаграм/alainamariescott

Таа му се заблагодари и на својот сопруг Мет, нарекувајќи ја ќерката „најголемиот подарок во животот“.

Алејна Скот и Мет – Фото: Инстаграм/alainamariescott

Славниот рапер ја посвои Алејна, бидејќи нејзината биолошка мајка, сестрата на неговата поранешна сопруга Ким, се бореше со зависности. Еминем секогаш ја третираше како своја родена ќерка, а таа често е споменувана и во неговите песни. Ова е второ внуче за Еминем, откако неговата друга ќерка, Хејли Џејд, претходно роди син.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот